Желбата на некои организации да го носат ореолот на една единствена, која ги претставува сите во дијаспората, едноставно е невозможна и не може да биде тоа, во ситуација кога во дијаспората низ целиот свет има над 80 организации, кои ги претставуваат интересите на граѓаните по потекло од Република Македонија, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.
Оттаму информираат дека живееме во 21 век, во демократско време, време на плурализам и различности и никој, како што се наведува во соопштението, не може да ја монополизира вистината, и никој не може да ја монополизира дијаспората.
– Дијаспората како категорија на граѓани кои живеат и работат надвор од Република Македонија е комплексна и динамична! Не е така едноставна, како што некои организации сакаат да ја претставуваат.