Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски и претседателката на Советот на општината Изабела Павловска на денешната 13-та седница на Советот им доделија преносни компјутери на советниците, со цел поефикасна работа на Советот и електронска достава на материјалите.

Во иднина сите материјали за седници на Советот и комисиите на Советот на општината ќе бидат доставувани по електронски пат, во насока на осовременување, модернизација и зголема ефикасност на работата на Советот и комисиите и намалување на трошоците за умножување и достава, односно, заштеда на материјалот за печатење и пренос, посочија од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.