Министерот за економија во македонската Влада, Крешник Бектеши, информира дека е позитивен на корона вирус.
„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово.
За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.
Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!
Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!
Здравје и среќа за сите“-напиша тој на својот Фејсбук профил!