Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно, обави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој во моментов е под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.

-Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните, напиша Тошковски.

Министерот истакна дека веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќа на редовно извршување на неговите обврски во полн капацитет.