Министерот за правда Никола Тупанчески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер лет и влезот во стадионот во Палермо.

Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако цела јавност го виде на трибините, односно по четири дена од одржувањето на натпреварот. Но, и покрај неговото признание Тупанчевски тврди  дека не го прекршил Етичкиот кодекс според кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци и под кои услови.

Министерот за правда Тупанчевски само до пред само неколку дена тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил. И дека бил голем фан на фудбалската репрезентација на Македонија.

– Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен Етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив, изјави Тупанчевски.

Тој пред денешното признание, само пред неколку дена беше дециден дека ја говори вистината:

– Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба, тврдеше министерот за правда.

Се појавија на фудбалските трибини, но во земјава речиси две недели им требаат да докажат дека во патувањето и престојот во Палермо нема ништо спорно.

Вицепремиерката за спречување корупција Славица Грковска, пак, која е на чело на ресорот што се грижи за добро владеење на Владата и на владиниот апарат на социјалната мрежа Фејсбук објави заедничка фотографија со министерот за правда Никола Тупанчевски. Грковска и Тупанчевски, како што објави Фактор, се во друштво со колеги-министри од Бугарија

Јавноста очекува од вицепремиерката да ги достави уплатниците и другите докази дека министерот платил за летот до Палермо и другите трошоци при неговото патување и следење на фудбалскиот натпревар.

Тупанчески деновиве изјави дека сите сметки и извршени трансакции ќе ги приложи „таму каде што треба“, додавајќи дека е точно оти летал со чартер летот организиран од Фудбалската федерација на Македонија но дека сам ги платил авионскиот билет и влезницата за натпреварот.

За тоа дали патувањето на министерот Тупанчески во Палермо било подарок и кој го платил, премиерот Димитар Ковачевски посочи оти во однос на другите правни аспекти, побарани се информации од вицепремиерката Грковска.

– Во однос на другите аспекти кои што се правни аспекти веќе информации има побарано вицепремиерката за добро владеење и откако ќе ги собере сите информации ќе си направи извештај согласно со етичкиот кодекс и препорачани мерки што треба да се направат, изјави Ковачевски.