Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи акредитирани во Македонија што ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар за односи со јавноста во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.
Воведни обраќања на брифингот ќе имаат и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин и одбранбеното аташе на Обединетото Кралство, Метју Вокер.
Како што информираат од Министерството за одбрана, на годишниот брифинг ќе се сумираат развојните процеси во одбраната и во Армијата во изминатата година, вклучувајќи го учеството на припадниците на Армијата во мисии и операции, развојот на човечките ресурси и реализацијата на армиските вежби за 2022 и плановите за 2023 година.