Ловците на шпанското Воено воздухопловство и денеска ќе продолжат да летаат над Бугарија, извршувајќи секојдневни извидувачки летови, со полетување, од резервните аеродроми во реоните на Софија, Варна, Бургас и селото Безмер, Јамболско, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, летовите што почнаа вчера, се очекува да завршат на пладне. Од петокот во Бугарија се наоѓаат четири авиони „Еурофајтер ЕФ – 2000 Тајфун II“ и 130 шпански војници.
Тие пристигнаа поради претстојното спроведување на мисијата на заедничка заштита на бугарскиот воздушен со Военото воздухопловство на Република Бугарија. Шпанските воени авиони имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на бугарскиот воздушен простор.
При извршување на заедничките задачи на воздухопловната заштита, приоритетно ќе се користат дежурните бугарски ловци. Мисијата има за цел да се реализираат мерките за гарантирање на безбедноста на земјите-членки на Источното крило на НАТО и ќе се спроведаат според плановите и процедурите на Интегрираниот систем за воздушна и ракетна одбрана на Алијансата (NATINAMDS /).