Министерката за правда Рената Дескоска како почесен гостин учествува на 20.Меѓународна конференција на врховни и уставни судии од светот, што се одржува во Лакнау, Индија.
Темата на овогодинешната конференција, како што соопшти Министерството за правда е „Обединување на светот за правата на децата преку применливо меѓународно право и ефикасно меѓународно владеење“.
Во рамките на конфернецијата, министерката за правда ќе се обрати на првата пленарна сесија посветена на владеењето на правото и човековите права.
На конференцијата покрај судии учествуваат и министри за правда, претседатели на парламенти и поранешни шефови на држави.