Министерството за правда на САД го обвини синоќа пакистанскиот државјанин Асиф Мерчант за учество во обид за нарачано убиство на американски политичар како одмазда за атентатот врз командантот на Корпусот на стражите на Исламската револуција, Касем Сулејмани
Во изјавата на Министерството за правда се вели дека безбедносните служби го спречиле злосторството, а обвинетиот е во притвор.
Мерчант (46) се обидел да регрутира извршители на нарачаното убиство во САД, кое требало да биде одмазда на иранските власти за убиството на командантот на Корпусот на стражите на Исламската револуција, Касем Сулејмани од страна на американската војска во 2020 година.
Мерчант, кој според обвинителството, поминал некое време во Иран пред да го посети САД, беше обвинет за нарачано убиство во федералниот суд во Бруклин. Судот наредил негово притворање на 16 јули, се дознава од судските документи.
-Во текот на повеќе години Министерството за правда активно се спротивставува на дрските и непрекинати обиди на Иран да се одмазди на американските државни службеници за убиството на иранскиот генерал Сулејмани, се наведува во изјавата на главниот обвинител Мерик Гарланд.
Дел од американските медиуми пренесуват дека цел на заговорниците бил поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ја одобри операцијата за ликвидација на Сулејмани, и други „сегашни и поранешни членови на администрацијата на САД“, соопшти телевизијата „Си-Ен-Ен“ го повикувајќи се на претставник на администрацијата.
Во судските документи не се наведува името на наводната жртва. Самиот Мерчант му кажал на доушникот од органите на редот дека една од целите на заговорот ќе биде „заштитата“, според кривичното обвинение.
Претставник на Министерството за правда одби понатамошни коментари. Претседателската кампања на Доналд Трамп сè уште не ја коментираше оваа изјава.