До 22 ноември, сите цивили кои работат во американското Министерство за одбрана и воена служба мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19, според новите упатства издадени вчера од Министерството.
Во документот потпишан од заменик – министерката за одбрана Кетлин Хикс се вели дека новата наредба е во согласност со претседателската директива од минатиот месец, со која се наложува федералните служби да ги почитуваат барањата за вакцинација.
– Вакцинирањето цивили против Ковид-19 ќе ги спаси животите на луѓето и ќе ни овозможи да ја браниме нашата земја. Ви благодариме што се фокусиравте на оваа критична мисија, рече Хикс.
Претходно оваа година, Пентагон бараше сите војници да бидат вакцинирани.