Министерството за правда на САД денеска покрена тужба против сојузната држава Ајдахо, како една од најрестриктивните што се однесува до забраните за абортус низ земјата
Забраните се засилија по историската одлука на Врховниот суд за забрана на абортусот во САД.
Новиот закон во Ајдохо, ако биде усвоен, ќе воведе речиси целосна забрана на оваа лекарска процедура. Според министертвото, тоа го ги нарушува федералните барања за обезбедување здравствена нега кога животот на бремената личност е загрозен.
Генералниот обвинител Мерик Гарланд истакна дека судската парница поднесена денеска е со цел да се запре „активирачката“ забрана на Ајдахо, која се очекува да стапи во сила на 25 август.
Лекарите во Ајдахо можат да бидат кривично гонети за извршување на абортус, изјави Гарланд. Според него, тоа е во конфликт со федералниот закон според кој пациентите во болниците што прифаќаат здравствено осигурување Медикејд, а кои имаат потреба од итна медицинска помош, имаат право на нега ако нивниот живот е загрозен.
– Ќе ги употребиме сите алатки во нашите раце за да се осигураме дека сите бремени жени добиваат итна медицинска помош за што имаат право според закон, изјави Гарланд.
Парницата претставува првичен удар на администрацијата на Бајден за заштита на правото за абортус откако во јуни Врховниот суд ги укина придобивките од случајот „Роу против Вејд“, што пет децении гарантираше право на абортус во САД.
Се навестуваат идни слични тужби поднесени од Министерството за правда против поконзервативните, главно републикански држави, кои започнаа да ја користат одлуката на судот за да воведат забрани за абортус без исклучоци, дури и за такви случаи кога пациентот мора да помине низ процедурата по закана за животот.