Мирослав Богдановски, пратеникот на зелената ДОМ, е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој денеска дојде во скафандер за да гласа на собраниската седница, објави Фактор.
Богдановски дојде со сопствено возило, за разлика од пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која пристигна со амбулантно возило. Двајцата беа сместени во кабината за изолација.
Тие и беа потребни на власта за да ја заврши 32 седница, па да с епомине на 36 седница со економските мерки за кои опозицијата најави дека ќе ги поддржи.
Според опозицијата ова е кривично дело, додека за власта се е чисто и според протоколите.