Египетска делегација денеска ќе отпатува во Израел за да се обиде да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа, јавија светските агенции повикувајќи се на два извори во египетските безбедносни кругови.
Претходно вчера, околу 4 часот по локално време, стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, со што заврши речиси 14-месечните борби што почнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.
Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа траат со месеци, но еден од посредниците, Катар, на почетокот на месецот соопшти дека се повлекува од процесот додека Хамас и Израел не покажат „искрена подготвеност да се вратат на преговарачка маса“.
Фото: МИА архива