Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој со денови е на терен поради состојбата во државата со пожарите преку кратко видео им се заблагодари на сите кои учествуваат во нивно гасење.

Благодарност до нашите херои, стои во неговата објава на социјалните мрежи.

Инаку, македонската армија е активно вклучена во гаснењето на пожарите.

Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во следните општини: Ѓорче Петров – ангажирани над 60 лица; Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица, Село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица. Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој реон. Армијата останува подготвена за натамошна поддршка и интервенција каде што е потребно, во координација со надлежните институции.