Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека најголемите потфрлања на оваа власт повторно се во капиталните инвестиции.

-Најголемите потфрлања на оваа власт повторно се во капиталните инвестиции!

И во третата година од своето владеење оваа власт нема започнато ниту ЕДЕН свој капитален проект. Немаат ниту 1 километар автопат изградено од ветените 500 километри, не постои ниту еден автопат што Сдсм го започнале со проектирање, обезбедување на финансии и започување на градба на терен, нема ниту еден експресен пат што го започнале ниту пак имаат намера да почнат.

Нема ниту еден капитален проект во град Скопје после 2 години владеење, немаат ниту еден нов булевар, ниту парк, ниту проект во подземната инфраструктура. Нема ниту еден капитален проект ниту во Ѓорче, Куманово, Аеродром, Бутел, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Тетово итн……

Едноставно не ги бива, треба да се работи но како и секоја претходна влада на Сдсм кај нив зборот РАБОТА е само мисловна именка….
Затоа набрзо доаѓа Обновата на Македонија каде што треба да се засукаат ракавите и многу да се работи зашто од овие ТОЛКУ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.