На вчерашната седница на Владата материјално се обезбедија нови 1.000 стечајни работници, објави денеска премиерот Зоран Заев.

– Со ова и претходните решенија, вкупниот број се искачи на околу 12.000 стечајни работници, кои добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивно пензионирање, објави Заев на Фејсбук.

Колку е решен проблемот на 12.000 стечајци, тие најдобро си знаат, но факт е дека најголемиот број од нив се жртви на криминалната приватизација што беше направена во Република Македонија во време на транзицијата и владеењето на СДСМ, партијата чиј лидер сега е Заев.