Владо МИСАЈЛОВСКИ

Пак со истата матрица се обидуваат незаконски да го вратат Собранието за да си ги изгласаат незаконските уредби на власта и во матно да закажат избори што побрзо за да ќарат некој политички поен од пандемијата.

Ама некако не им одат математиките па еден ден ќе го враќаат собранието, друг ден нивната коалиција не сакала, а трет ден им било поважно здравјето на граѓаните и не било време за избори.

Но реалноста е дека не знаат каде тераат.

Типичен Заевизам!

Е па ќе ви порачаме, кога и да закажете избори дали е јуни, јули, септември или октомври, ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ па какви сакате математики правете.

Сакате со кампања или без кампања, сакате со цел ваш медиумски простор, сакате со вашите донации и поткуп, сакате со вашите тендери и црни пари, сакате со вашиот терор и прогон, заедно со граѓаните ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ.

Народот ве прочита.

Скоро три години имате апсолутна власт.

Пет години земјата е во криза заради СДСМ.

Прашањето на овие избори е јасно:

-Дали народот подобро живее од пред три години!?

Јасен е одговорот што ќе го даде мнозинството од македонските граѓани.


Од истата категорија