Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство.
Денеска да сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс тука во Љуботенски пат. Дарко тоа го вети и тоа го исполнува, но освен овој комплекс, Дарко има веќе преку десет комплекси, спортски сали, терени насекаде во Бутел.
Како што можев да слушнам, подготвува уште нови вакви позитивни работи за Бутел. Во наредниот период, за еден месец ќе започне уште два три нови спортски терени. Навистина, вака се сака Бутел, вака се сака Македонија со многу работа, со многу труд.
И затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ставивме дека директно ќе го помагаме спортот и тоа во наредните четири години 50 милиони евра директно ќе одвоиме од буџетот за да помагаме за спортот, за инфраструктурата во спортот, се разбира и за се она што значи да го кренеме спортот на едно повисоко ниво.
Но, исто така, многу важен проект е што Дарко во општината Бутел ова го прави од сопствените средства, а ние како нова влада ќе се потрудиме 250 милиони евра годишно да даваме на сите општини, буквално на сите општини во Македонија. И огромен број на средства ќе завршат тука во Бутел каде што Дарко ќе може да прави многу проекти и во следниот мандат, се разбира, каде што ќе гледаме многу нови улици, нови паркови. Ќе гледаме нови вакви игралишта и се разбира многу покрупни проекти, затоа што навистина Бутел ги заслужува.
Честитки до Дарко и до неговиот тим, се разбира и до сите останати што помагаат за вакви убави комплекси.
И сакам да ги поканам сите граѓани за позитивни промени во Република Македонија да го дадат гласот за бројот два, да гласаат за Гордана Силјановска Давкова уште на 24, а се разбира на 8 мај сплотено, заеднички да ја направиме најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата.