Александар Николоски работи од својата 14-та година, за разлика од Венко Филипче кој не знаеме како го стекнал своето богатство, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

СДС и Пендаровски да го прашаат Филипче како се купува Ауди Q8 од 250.000 евра, пред да зборуваат кој што работи или заработил.

Филипче е баронот кој ќе го гледа Скопје од хациендата на Водно, како да живее во Западно Европски замок.

И сето ова се случува откако Филипче беше министер за здравство и го фативме на дело како договара провизија за вакцини преку фирма од Хонг Конг за јужно овошје.

Додека пациентите немаат пари да си купат лекови Филипче се богати, а никој не знае како.

СДС и Пендаровски треба да го прашаат Филипче како се стекнува толкав имот, а по избори и сам ќе треба да одговори. Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно твоја, се истакнува во соопштението.