Македонија се соочува со огромна катастрофа. Пожарите загрозуваат села и градови, загрозуваат животи и имот на граѓаните, уништија илјадници хектари шуми, а власта никаде ја нема. Македонија гори, прогласија кризна состојба и ги снема, рече Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција..

– Го оставија народот сам на себе. Граѓани со лопати и кофи гасат пожари, мака мачи да си го заштити животот и имотот, да ја спаси Македонија, кој со што може и има.

Неспособноста и неодговорноста на власта се гледа на секој чекор. Едноставно затаи системот на заштита, бидејќи доколку имаше навремена системска реакција, пожарите немаше да ескалираат.

И три дена нема ни трага ни глас од Заев. Тој е првоодговорен за состојбите. Не може неговиот одмор да биде поважен од животот на граѓаните. Тој и сите функционери се платени од парите на граѓаните, истите оние кои што сега се борат за живот и молат за помош.

ВМРО-ДПМНЕ целосно е посветена и се става на располагање пред потребите на граѓаните, на пожарникарите, на располагање на сите институции, за се што е потребно. Не е време за политиканство.

Додека власта е на одмор, додека Македонија гори, народот и пожарникарите се хероите коишто ќе ја спасат оваа држава, рече Мисајловски.