Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, по брифингот со одбранбените атешеа, одговараше на новинарски прашања.
На прашањето дали Македонија ќе испраќа војници во Украина, тој децидно го отфрли прашањето.
– Директно не, не планираме воопшто да има наши војници во Украина. Ова многу пати сум го кажал, ние сме дел од едно големо семејство, ќе помагаме на било кој начин, но такво нешто не било понудено, изјави Мисајловски.




