Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец со свежо цвеќе во чест на македонските партизани кои својот живот го положија за слободна Македонија., напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Се сеќаваме на храбрите што застанаа против фашизмот. Им оддаваме почит на сите што ја платија слободата со својот живот. Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец. Нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина. Нека им е вечна славата на борците и нашите херои. 9 Мај е Денот на победата над фашизмот – ден кога човештвото избра отпор наместо покорност. Но и Денот на Европа – ден кога се роди идејата за заедништво, соработка и иднина. Денот кога ја славиме идејата за обединета, мирољубива и просперитетна Европа, изградена врз вредностите на солидарност, еднаквост и демократија. Нека не потсети овој ден колку е важно да ги чуваме мирот, слободата и човековите права. Историјата не смее да се заборави – таа е поука и обврска, истакна Мисајловски.