Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски информираше дека денеска ги посетиле Сретково, Врбен и Маврово.
– Четири години беа сосема доволни за граѓаните да видат дека актуелната локална власт предводена од актуелниот кандидат на СДСМ немаат квалитет да го подобрат животот во оваа општина. Во сабота граѓаните на Маврово Ростуше масовно ќе го поддржат концептот на ВМРО – ДПМНЕ за промени и проекти кој веќе со месеци се имплементира во најголемиот дел од општините во Република Македонија. На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа да го средуваме Маврово Ростуше, општина која е национална гордост, напиша тој во неговата Фејсбук објава.