Денеска сме повторно во Гази Баба, имаме чест денеска и заедно со заменик министерката за финансии Елена Петрова да разговараме со неколку компании, во цел на претседателската кампања бидејќи претседателската кампања исто така е важно кој иден претседател ќе не застапува не само кај економските потенцијални инвеститори, туку да ја развиваме и економската дипломатија што е еден сегмент, што секој претседател да се грижи бидејќи Македонија треба да се застапува во Македонија, но секако и надвор од границите, изјави Владо Мисајловски, потпретседатен на ВМРО-ДПМНЕ, и носител на кандидатска листа во ИЕ2 за парламентарни избори 2024 година.
-Но, додека ние пробуваме секој еден ден да разговараме со граѓани и да носиме позитивна слика тука во Македонија, да се среќаваме со граѓаните и да објаснуваме за нови мерки, за нови поубави денови, од друга страна ги имаме овие луѓе што носат црнила како Стево Пендаровски и неговите поддржувачи, што може да видиме на еден срамен, безобразен, дрзок, одвратен начин со полн, широк репертоар на омраза не само кон нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова туку и кон сите останати продолжуваат да си ја водат кампањата. Тоа е навистина едно одвратно однесување и затоа би замолил да престанат со ширење омраза, потенцираше Владо Мисајловски.
Тој потенцираше дека Гордана Силјановска Давкова е најдобриот кандидат помеѓу сите претседателски кандидати и Гордана Силјановска Давкова ќе победи на овие избори. Гордана како наша професорка ќе ја претставува Македонија насекаде, ќе биде експерт во Уставното право засекогаш, но ќе биде заштитник на народот и ќе ја почитуваат сите.
-Ние продолжуваме секој еден ден да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат бидејќи професорката заслужува да биде идната претседателка и се разбира и дека ќе биде. Но, оваа победа да биде огромна ни треба целиот македонски народ да ни се приклучи. Нека продолжи СДСМ, ДУИ, останатите да шират негативна кампања, да бидат тие што ги носат црнилата овие 7 години, а ние ќе бидеме тие што ќе бидеме одразот на надежта, одразот на нешто позитивно што ќе се случува во Македонија и тоа ќе го видат сите граѓани, изјави Мисајловски.