Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на средства, порача од Минхен македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски.

-Над 32% издвојуваме директно за модернизација. Тоа значи нови проекти, оние обврски кои ги имаме од минатото да се исплатат, но и да започнеме од оваа година, веќе започнуваме со доста земји да преговараме. Набргу нè очекуваат и многу нови договори, што Министерството треба да ги направи за наредни 10 години. Ова е обврска која ја преземавме согласно членството во НАТО, нашите цели на способност, но и во наредниот период како да се домодернизираме со новите цели, во наредниот период, посочи Мисајловски во изјава за МРТ.

Тој потсети дека последната одлука од Хаг е буџетот да расте 3,5% за одбраната и оцени дека тоа се сериозни средства.