Утрово заедно со началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски и амбасадорката на САД, Агелер, присуствувавме на отворањето на Конференцијата на Европски центри за обука, организирана од страна на Командата за обука и доктрини на македонската Армија и 7. Армиска Команда за обука на САД, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски.
На Конференција присуствуваат околу 100 високи воени претставници од 24 земји, што преставува одлична можност за размена на мислења, идеи и искуства за подобрување на обуката во мултинационални средини и развој на интероперативноста и стандардизацијата, пишува министерот Мисајловски во својата објава на Фејсбук.