Има нова енергија, има една нова свежина, го гледам тоа во Данела, ја гледам секој ден како настапува храбро, како навистина има една визија, една голема цел, како да стане Скопје модерно, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на митингот во Чаир.

-Тоа што го зборува, го зборува навистина од срце и од душа, зошто сака Скопје да го види со емоција поубаво, Данела ти честитам за сето ова што го правиш, го правиш со храброст, го правиш со ведрина, со позивна една енергија што плени. Секоја чест, затоа и ќе победиш. Ве замолувам сите, иако е независен кандидат ние сите ја даваме поддршката, цело ВМРО стои позади Данела. Знаете ли зошто? Зошто е храбра жена со визија, ретко е во политиката една жена да застане да го води градот и да стане првата жена градоначалник на Скопје, истакна Мисајловски во своето обраќање.

Тој ги повика сите граѓани да ја дадад поддршката за Арсовска, бидејќи како што рече таа е со визија.

-Кога почнавме со настанот не знам дали приметивте полициска кола бркаше некоја кола, тоа е секојдневието во Чаир. Но, вие сте храбри луѓе. Луѓе што сакаат да останат тука, луѓе што сакаат да го променат животот на подобро, затоа, ајде луѓе, ајде овој пат да победи Данела, овој пат да победи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мисајловски.

Тој додаде дека цело ВМРО стои позади Данела затоа што е храбра жена со визија, која ќе биде првата жена градоначалник на Скопје.

-Тие ќе се служат со црна кампања, ќе навредуваат, прогонуваат, впрочем знаете сите поранешни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ требаше да бидат ставени на прогон, сите функционери. Но, од Чаир ќе порачам, не ви се плашиме.

Мисајловски, ја искоментира и денешната прес конференција на Зоран Заев, порачувајќи им дека не може за трагедијата каде што изгореа 14 живи луѓе во модуларната болница во Тетово, да се виновни кабелот и струјата, додавајќи дека одговорност мора да има.

Денеска не можам, а да не спомна за онаа голема трагедија во Тетово. Знаете што се случи, еден голем ужасен ден, каде што починаа 14 луѓе. Денеска коалицијата ДУИ-СДСМ си ги исчисти сите раце и кажаа дека они не се криви. Криви се кабелот и струјата. Криви се и мора да одговараат, а јас ви ветувам дека после 17-ти октомври ќе одговараат за сето ова и нема да им се заборави. Пробуваа како да го скријат сето ова затоа што темата не е добра, да не е добра, но тоа е реалност. Се случи трагедија и мора да има одговорност, потенцираше Мисајловски.

Тој апелира до сите граѓани за да се казнат ДУИ и СДСМ треба да излезат масовно на изборите и својот глас да го дадат за Данела за Скопје и за сите кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива.

И затоа сакам да го повикам секој еден граѓанин, за да има одговорност за сите оние злодела што ги направија, ве замолувам масовно да излезете да гласате за Данела за Скопје, да гласате за сите градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласате за Алтернатива и Алијанса и да се случи нова иднина, повика Мисајловски.