Секој еден ги познава многу добро кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, она што е важно дека овие четири години нашите градоначалници работеа максимално посветено, но за нас како партија и држава е важно ова да стане нормално, јас би бил најсреќен кога новото нормално во Македонија ќе биде да нема афери, рече во гостувањето на ТВ Алфа министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
За мене важно е да се работи, да сте чесен и транспарентен, кога знаете дека сте сработиле ништо не може да ве победи колку сакаат да измислуваат другите. Затоа еве ги охрабрувам сите градоначалници да продолжат да работат макотрпно за народот, за граѓаните, да се сплотени со нив, секогаш ќе има предизвици, но поради тие причини кои ги кажавте, дека немаме афери, затоа и на анкетите се покажува дека секаде водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа значи нешто во општеството, истакна Мисајловски.
Нема ништо поубаво кога ќе видите дека сте сработиле за татковината, додаде Мисајловски.