Секогаш и секаде први – најелитната единица Волци, нека е честит денот на Баталјонот на специјалните сили, порача министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисјаловски.
– Во пресрет на 1. март – Денот на Баталјонот на специјални сили на македонската Армија, имав особена чест да им се обратам и да ги поздравам припадниците на најелитната единица „Волци“, херои и храбри лица кои секогаш се максимално посветени, пожртвувани и мотивирани да застанат на браникот на татковината и тоа го прават затоа што имаат огромна љубов кон нашата татковина, Македонија, напиша на Фејсбук министерот Мисајловски.
Ви изразувам искрена благодарност и признание за професионализмот и храброста што ја покажувате секој ден, додава тој во објавата.
– Вашата служба е пример за највисоките стандарди на посветеност и стручност. За вашите достигнувања не постојат доволно зборови кои ќе ја опишат вашата улога и значење за Македонија. Вашата енергија, храброст и посветеност ја прават нашата безбедност и иднина посигурни. Продолжете гордо и посветено да го покажувате ликот на македонската Армија! Да живее Баталјонот на специјалните сили! Да ни е вечна и вековита Македонија, порача министерот Мисајловски.