Носителот на изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Куманово каде оствари неколку средби со граѓаните со почитување на сите препораки и мерки се со цел да не дојде до ширење на коронавирусот.
-Со кумановчани разговаравме за нивните проблеми, разговаравме за она што навистина сакаат да го слушнат, разговаравме и за она што не се случува во последниве децении тука во Куманово. Постојано се ветува од политичари дека ќе се направат многу работи, како што сите знаете СДСМ тука владее многу долго, но нема капитални инвестиции. На ова место тука зад мене требаше да има десетици и десетици странски инвестиции, бидејќи сите ветуваа голема индустриска зона и овој градоначалник и претходниот и централните влади, вели Мисајловски.
Тој додава дека кога бил министер за транспорт и врски биле одвоени средства за да проектирање на индустриската зона бидејќи без неа не се може, но ништо после тоа не било направено.
-Ако сакаме граѓаните да останат тука во Куманово треба да инвестираме во странски инвестиции, а не само сува реторика. СДСМ тоа постојано го прави со нивните ветувања дека ќе направат живот за сите и навистина ќе има многу проекти, но реалноста е сосема друга, реалноста е оваа зад мене. Реалноста е дека нема странски инвестиции, добро е што некоја нова инвестиција ќе се направи тука, кумановчани сакаат да живеат тука, нивните деца сакаат да им останат тука, додаде тој.
Мисајловски вели дека Куманово е град каде што нема доволно инфраструктура, нема доволно проекти и нема доволно работни проекти, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го обнови сето тоа.