Министерот за внатрешни работи Владо Мисајловски денеска го посети Баталјонот на специјални сили – најелитната единица на Армијата.
-Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.
-Вие сте инспирација и херои на нашата нација, им порача министерот.