На шестиот ден од изборната кампања, носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски, оствари средби со граѓани во општина Шуто Оризари.
„Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Ерџан Демири ги посетивме жителите од населеното место Бараки, како и населението на ул. „Гарсија Лорка”.
Поразговаравме со луѓето во Шуто Оризари и дојдовме до заклучок дека овие луѓе биле излажани и манипулирани од страна на СДСМ. Населението вели дека при посетите на функционерите од страна на СДСМ тука во Шуто Оризари, им се ветувале вработувања во секое семејство, но реалноста е дека тоа ветување било уште едно во низата лаги на Зоран Заев и СДСМ.
Крајно разочарани и гневни на оваа ненародна власт, цврсто стојат на ставот дека на Република Македонија и е потребна обнова. Посакуваат повисоки плати, повисоки пензии и подобри услови за живот, и токму поради тоа ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ кое се обврзува на исполнување на ветеното.
Шуто Оризари на 15-ти јули ќе го заокружи бројот 14 и ќе одбере Обнова на Македонија“-истакна Мисајловски!