Додека денеска бележиме 12 починати од Ковид, 15 отсто позитивни од вчера тестираните, додека ДЗС објавува дека индустриското производство паднало во мај за 27 отсто, главна вест на телевизиите е дали Мицкоски се појавил во ПС за седењето во кафеана или таму бил неговиот адвокат. Па СДСМ праќа соопштенија, па драми, па чуда…

Инаку, нема ништо драматично. Мицкоски ја призна вината, во ПС отишол негов адвокат, а советникот на Наќе Чулев, екс директоорт на УБК, Љупчо Андоновски, кој беше со Мицкоски во кафеаната, на излегување од ПС каде дал изјава, кусо изјави дека ручекот во кафеаната со газдите го договорил тој.

Андоновски додава дека седеле во приватниот дел од кафеаната, дека сметал дека со тоа не се прекршуваат прописите: Тоа е приватниот дел од кафеаната, рече Андоновски, исто како да сум ви дошол дома. Испадна дека е грешка, ако има казна ќе ја платам.

„Поседовме поразговаравме околу час и половина, после тоа тој ја напушти винаријата, нормално по него јас, газдата ја заклучил винаријата и си заминал за да од средствата за масовна комуникација, од вас медиумите, разберам дека ние сме биле таму во винаријата дека сме попречувале да влезат инспекторите на Трудовата инспекција, дека директорот Сашо Тасевски повикал и единица за брзо распоредување“, истакнал меѓудругото Љупчо Андоновски, а пренесува ТВ 21.

Видеото погоре е од прилогот на Канал 5.