Јас лично сум за било каков проект за Република Македонија, било тоа да е автопат, болници, локални патишта итн, сакам да го поддржам, но овој Закон кој е доставен од пратениците е премногу штур и со дупки и многу работи фалат. Овој Закон треба да се разледува и дебатира во матичната комисија за транспорт и врски, а граѓаните треба да знаат дека Законот ќе чини стотици стотици милиони евра.
Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во собраниската расправа, кој побара Законот предложен од група пратеници, кој треба да овозможи реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола, да биде повлечен, затоа што смета дека во него треба да се подобрат многу работи и оти со ваква содржина ќе предизвика многу проблеми при реализацијата на проектите.
Со овој Закон првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.
Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.
Според Мисајловски побара законот да биде повлечен, затоа што смета дека во него треба да се подобрат многу работи и оти со ваква содржина ќе предизвика многу проблеми при реализацијата на проектите.
-Овој Закон треба да се гледа во матичната комисија за транспорт и врски. Граѓаните треба да знаат дека Законот ќе чини стотици стотици милиони евра. Ваков празен закон со многу дупки ќе има многу проблеми во администрацијата да се решаваат само оние тековни работи. Знаете ли со суспендирање на овие закони колку проблеми ќе направите на администрацијата. Ако е стратешки договор, зошто нема меѓународен договор помеѓу две земји, не постои меѓународен договор, иако постои Меморандум за соработка. Јас лично сум за било каков проект за Република Македонија, било тоа да е автопат, болници, локални патишта итн, сакам да го поддржам, но самиот Закон кој е доставен од пратениците е премногу штур и со дупки и многу работи фалат, рече Мисајловски и го потенцираше најголемиот проблем според него:
„Најголемиот проблем според мене е што со овој закон ќе се дозволи да се формира некаков Комитет што ќе го формира Владата и тој ќе трае извесен период додека се договори цената, сите тековни активности помеѓи изведувачот и инвеститорот и потоа ќе го снема, нема да постои. Тоа е погрешно. Законот треба да се разгледува во Комисијата за транспорт. За да се отвори потранспарентна дебата. Никој во оваа земја не е против проекти, но овој закон не е добар и треба многу, многу, многу да се доработи. Законот оди во Комисијата за финансирање буџет, а најмалце за овој закон се збори за финансии“.
Тој посочи дека во Законот не пишува по кои стандарди ќе се реализира овој проект и оти пишува „со уникатен начин на градење“.
-Кој е тој уникатен начин, треба да се објасни бидејќи после институциите ќе се соочат со проблеми. Нема ништо во законот, како ќе се изберат подизведувачите, колку проценти ќе бидат македонски работници, подвлече Мисјаловски.