Се зголемува интересот за вложување во индустријата за медицински канабис во С. Македонија, објави премиерот Зоран Заев.

Тој денеска остварил средба со потенцијални инвеститори во фабрики за канабис во Македонија.

– На средбата со директорот на „Егзит“ и со познати американски спортисти – инвеститори ги презентирав можностите за отворање фабрики за медицински канабис во нашата држава, а инвеститорите презентираа искуства со најнапредна технологија што ги користат во своите погони во САД. Дополнително разговаравме и за предизвиците со кои се соочуваат музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на „Егзит“ фестивалски активности и во (објавен симбол знамето наместо името на Македонија, з.н.), објави Заев на својот официјален профил на Фејсбук.

Заев во повеќе наврати досега најавувал големи инвестиции во Македонија, почнувајќи од светски гиганти во ИТ технологијата, па еве до инвестиции во индустријата за канабис во Република Македонија.