За да ја одржат витката линија, многу од ѕвездите применуваат ригорозни диети- од јадење само виолетова храна до диета- дишење и гледање во Сонце.
Но не ви препорачуваме да ги примените нивните екстремни начини на исхрана без консултации со вашиот лекар, бидејќи повеќето од нив се далеку од здраво губење на тежина.
 Мараја Кери- виолетова диета
Пејачката долго време се бори со вишок килограми. За да ја одржи својата тенка линија во позрела возраст, Кери се одлучи на „виолетова” диета. Оваа диета подразбира дека секоја недела, во текот на три дена, се консумира виолетова храна, како на пример, модар патлиџан и грозје.

Рене Зелвегер – коцки мраз

За улогата на Бриџит Џонс таа морала многу да се здебели, актерката одлучила да ги отстрани своите вишок килограми со ригорозна диета, јадејќи само коцки мраз. Со оваа диета, со целосно откажување од храна, актерката ги симна вишокот килограми.

 

Ферги- јаболков оцет
Ферги нема ригорозен план за исхрана како други ѕвезди, пејачката смета дека за  нејзината витка линија е заслужен јаболковиот оцет, и од него зема две лажици дневно.
Џенифер Лопез- масло од грејпфрут
Истражувањата покажаа дека маслото од грејпфрут содржи арома која може да го намали апетитот. Џенифер Лопез е една од познатите личности кои секогаш имаат масло од грејпфрут во својата чанта. Извори тврдат дека Џеј Ло „шмрка” еднаш до три пати дневно по 15 минути за да го потисне апетитот.

Стив Џобс- моркови
Иноватор кој е заслужен за подемот на Епл, а кој не е веќе меѓу живите, освен своите невообичаени идеи за иновации, Стив Џобс имал луда идеја за диета, според која секогаш се јаде иста храна. Меѓу неговата  избрана храна, свое место пронашле морковите, кои имаат доволно витамини и хранливи материи, и го одржува телото енергично.
Мишел Фајфер- диета дишење

Оваа многу опасна исхрана се практикува како дел од еден култ чии следбеници веруваат дека преку процесот на медитација човек може да живее само од воздух и сонцето.

Мишел Фајфер признава дека таа била дел од овој култ на почетокот на својата кариера и дека таа јао применувала оваа метода на диета, која се залага за дишење и сонце, наместо храна.