Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека неговата оценка дека Европската унија и Западен Балкан треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година е реална, но амбициозна цел, со напомена дека ова е првпат во европската историја лидер на една од институциите ЕУ е толку јасен за датумот.

Тој во интервју за словенечката новинска агенција СТА нагласи дека во ЕУ постои политичка волја за проширување.

„Мораме да направиме многу од двете страни за да се увериме дека до 2030 година ќе бидеме подготвени. Тоа не значи дека се ќе биде лесно, но значи дека ако имаме политичка волја, ако сакаме да работиме заедно. Ако сакаме да бидеме искрени еден кон друг, можно е да ги постигнеме вистинските резултати за луѓето во регионот и во ЕУ“, рече Мишел, кој учествува на Бледскиот стратешки форум.

Мишел нагласи дека кога станува збор за проширувањето на ЕУ, во Европскиот совет има сосема поинаков начин на размислување во однос на оној од претходните години