Одобрувањето на руската влада за списокот на непријателски странски држави ги нарушува дипломатските односи. Тој став го објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

„Одлуката на руската влада за „непријателски држави“ е уште еден чекор за ескалација и ги нарушува дипломатските односи“, наведе тој.

Според Мишел, „залудни се напорите за поделба на ЕУ“.

„Целосна солидарност со Чешка. Ја повикуваме Русија целосно да ја почитува Виенската конвенција“, додаде тој.

На официјалниот портал за правни информации вчера беше објавен список на непријателски странски земји одобрен од руската влада. Во него влегоа САД и Чешка.