Туристката од САД, Брук Виндзор, успеа да ги пронајде таткото и ќерката, кои ги фотографирала пред Нотр Дам, еден час пред да избувна пожарот.

Таа ги фотографирала двајцата пред познатата катедрала, а потоа ги замоли сите на социјалните мрежи да ѝ помогнат да ги најде таткото и ќерката, бидејќи сакала фотографијата да им да даде за спомен.

Брук успеала да ги пронајде, и се пофали на Твитер.

-Истрагата заврши, фотографијата дојде до нив-напиша таа.

Семејството побарало да не биде објавен нивниот идентитет, но и се заблагодарило на девојката за убавиот гест.

-Ви благодариме уште еднаш за таа убава фотографија, ќе најдеме посебно место за неа- и напишале во порака.

Многумина веруваат дека фотографијата на Брук Виндзор најверојатно би била историска, бидејќи е направена во посебен момент. За тоа сведочи и фактот што таа привлече речиси половина милион „лајкови” на социјалните мрежи, и е споделена 240.000 пати.

Оваа фотографија веројатно е една од последните создадени пред да избувне катастрофалниот пожар во Нотр Дам.