Мистериозен добротвор оваа година поделил неколку вреќи со пари во вкупен износ од 200.000 евра во германскиот град Брунсвик.
Вреќите во кои имало износи од 20.000, па до 100.000 евра биле доставени во локалниот весник „Брауншвајгер цајтунг“ со инструкции на која организација треба да им се предадат. Некоја вреќа е за поправка на црква, друга за жртви на криминал, трета за тешко болни деца.
Во овој град вреќи со пари повремено се појавуваат од 2011 година, а весникот пишува дека само годинава анонимниот донатор поделил 200.000 евра. Од 2013 до 2015 година, пак, околу 250.000 евра анонимно им биле дадени на народни кујни и на детски градинки.