Во зградата во која се наоѓа канцеларијата на францускиот премиер, утрово е пронајдено тело на припадник на Републиканската гарда, со оружје крај телото, соопштено е од канцеларијата на францускиот премиер Едуар Филип.

Во соопштението се наведува дека припадникот на гардата работел на видео надзорот.

Канцеларијата на парискиот обвинител соопштила дека веднаш е отворена истрага.

Припадниците на гардата често ги обезбедуваат владините локации, влучувајќи ја и канцеларијата на премиерот.