На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ Дејан Митески, кој на почетокот истакна дел од приоритетните проекти на изборната програма и посочи дека за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом.

„Ние како сериозна политчка партија излеговме со сериозна програма, којашто ја презентиравме пред граѓаните, програма којашто опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин. Она што би сакал да го истакнам како најбитни проекти од програмата, тоа е за прв пат Аеродром ќе добие нов културен дом, театар, кино, место кадешто ќе можат да ужваат во културата сите генерации во Аеродром, рече Митески и додаде:

„Проект за топлификација на Лисиче, нешто што ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани, тоа е проект којшто ќе се реализира заедно со поддршката од Владата на Република Македонија. Зелена офанзива, којашто опфаќа низа на проекти што значат подобрување на парковите и ќе воведеме една обврска којашто многу ќе помогне за замена на дрвната маса, а тоа е проект за секој инвеститор во иднина што ќе гради, да донира садници на јавна површина, не како досега што било обврска во рамки на сопствената парцела, проект за враќање на парите кон граѓаните го насловивме како твој денар-твој проект, кадешто граѓаните преку директно учество ќе можат да одлучуваат со данокот што го плаќаат, кои проекти ќе можат да ги реализираат, нови детски градинки во Долно Лисиче, Острово и во Мичурин и нова детска градинка во Лисиче“.

Во врска со актуелната тема деновиве за зголеменото количество на отпад во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје, Митески истакна дека како општина самоиницијативно се работи и дневно се депонира повеќе од 10 тони отпад.

„Во однос на зајакнување на инспекциските служби и третирање на отпадот, сликата жалосна е во цело Скопје, и за жал тоа е нешто што е работа на градот Скопје, како општина постојано работиме, ја работиме и нивната работа, дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла. Пред да влеземе со инспекции и да ги казнуваме граѓаните ние мораме да им создадеме услови каде да го одлагаат отпадот. За прв пат како општина воведовме редовни акции коишто траат два месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад, понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за прв пат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад“, рече Митески.