Митко ЧАВКОВ

“Justitia remote, quid sunt regna nisi magna latrocinia”
(Aurelie Augustin).
Значење: “Ако нема правда во државата, државата е разбојничка”.
Изреката на големиот христијански филозоф и теолог од 4 ти/ 5 ти век, сеуште е актуелна во Македонија.
Разбојничка банда со позната структура и водач – сега “хуманист”, направија пустош во државата:
– масовно распространета корупција, метастазирана во секој сегмент на општеството,
– пљачка на државен и приватен капитал поголема и од криминалната приватизација,
– до крај уништени институции и правосудство со 2% доверба
– уништени животи и семејства,
– уништени бизниси.
Без координирано мултиресорско, систематско и темелно истражување насочено кон водачот на бандата, ќе нема правда во Македонија.
Криминално-политички монтираниот судски процес за настаните од 27 април, со кој уништија животи и семејства само заради криминално политички цели, е врвот на злоупотребата на политичката моќ на разбојничката банда. Операција изведена со неколку обвинители и со неколку судии.
Борбата ПРОДОЛЖУВА, ниту се продадовме, ниту се предадовме, ниту се уплашивме.