Митко Ѓорѓиев член на една од првите партии во Македонија, Лига за демократија во вчерашната емисија Блиц со Љупчо Златев откри низа скандали во кои директно е вмешан актуелниот премиер на државата Зоран Заев.
Ѓорѓиев освен во политичките води се обидел и во бизнис сферата, но како што тој вели ниту еден друг бизнисмен не може да работи во градот кој е под целосна контрола на Зоран Заев и неговата фамилија. Тој истакна дека не постои никаква шанса никој друг кој не е дел од фамилијата, кланот Заеви да се бави со бизнис во градот, бидејќи во Струмица тие имаат апсолутна контрола.
Токму поради овие причини тој ја напуштил државата две години откако Заев седнал на градоначалничката фотелја во Струмица. Но иако тој ја напуштил државата како што тој вели ,,репресивните’’ проблеми за него и неговата фамилија никогаш не запреле.
-Да, член на Лигата за демократија, но бизнисмен не бидејќи со доаѓањето на власт на фамилијата Заеви или кланот Заеви јас разбрав дека Струмица како еден од најдобрите градови, градски град на културата и уметност секој бизнисмен нема шанси. Градот постепено и тоа веќе е докажано, дека градот Струмица веќе целосно е во сопственост на фамилија Заеви и кланот околу нив. Значи не постои нешто што не е во нивна сопственост и сите други кои се бавевме со бизнис. Јас не работев некој голем бизнис во почетокот, но веќе во Струмица нема никој шанса да работи бизнис и затоа решив дека најдобро ќе биде да ја напуштам Македонија и така јас со мојата фамилија со доаѓањето на Заев после едно две години јас Македонија ја напуштив. И повеќе од 10 години ние не живееме во Македонија, но иако не живееме во Македонија се соочивме со сите проблеми, репресивни проблеми од фамилијата Заеви во град Струмица, вели тој.
Во јавноста веќе подолго време се говори дека градот Струмица е под целосна контрола на Зоран Заев и неговата фамилија. Се говори и дека причината за тоа е криминалното работење на екс градоначалникот, а сегашниот премиер, но ретки се луѓето кои од страв јавно ќе му се спротивстават и пред камера ќе говорот за сомнителните дејности на премиерот. По вчерашната ослободителна пресуда за прво обвинетиот во случајот ,,Поткуп’’, Зоран Заев се помалку е веројатно дека додека тој ја држи власта во свои раце ќе стигне правдата во Македонија.
Но за среќа Митко Ѓорѓиев бизнисмен од Струмица кој во овие моменти живее надвор од државата покажа храброст да му се спротивстави на Заев и јавно да ја објасни состојбата во градот Струмица.