Патриот е оној кој ќе обезбеди повисока плата, повисок животен стандард, кој ќе обезбеди подобри патишта, оној кој ќе работи во интерес на граѓаните да им обезбеди подобар живот и тоа не е нешто што завршува, не е статички поим, туку тоа е нешто што треба да се движи и во следниот период, порача носителот на листата за пратеници на СДСМ во ИЕ 5 и претседател на Собранието Јован Митрески за Телевизија Тера.

„Ако го земеме она што го ветивме во 2020 и она што го испорачавме во 2024, ние дојдовме во ситуација износот на минималната плата денес да е повисок од оној што го ветивме во 2020 година и според сите пресметки што сега ги правиме, можеме да ветиме дека износот на минималната плата ќе достигне 600 евра и секако по членството во ЕУ ќе стигне и 800 евра“ посочи тој.

Митрески се осврна и на растот на пензиите, потенцирајќи дека тие во изминатите седум години растеле многу повеќе отколку во периодот до 2017 година.

„Направиме усогласување на пензиите два пати во годината, како збир од 50% од раст на платите и 50% од растот на трошоците и како што растат трошоците и платите, така растат и пензиите“ рече Митрески додавајќи дека во новиот мандат ќе се работи на зголемување на минималната пензија, затоа што тие пензионери со минимални пензии треба да бидат извлечени од прагот на сиромаштија.