Градоначалникот на оптпина Сопиште, Јане Мицевски, беше панелист на регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, каде заедно со свои колеги градоначалници и експерти дискутирале за предизвиците, можностите и конкретните чекори кон одржлив развој на општините.

Како градоначалник на Општина Сопиште и претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион, посебно ја истакнав важноста на поврзувањето на локалните приоритети со националните политики, како и потребата од заеднички регионален пристап во реализацијата на зелените проекти, информира Мицевски.

Тој додава дека за општина Сопиште, зелената агенда значи одговорно управување со природните ресурси, подобра комунална инфраструктура, почиста животна средина, енергетска ефикасност и создавање подобри услови за живот на граѓаните.

Сметам дека преку силна меѓуопштинска соработка, добро планирани инвестиции и искористување на достапните национални и европски фондови можеме да реализираме проекти кои ќе имаат долгорочен бенефит за сите општини во регионот.

Нашата цел е јасна зелената агенда да не остане само стратешка определба, туку да стане реалност преку конкретни проекти и видливи резултати.

Продолжуваме посветено да работиме за развој на Општина Сопиште и за посилен, поодржлив и поразвиен Скопски плански регион!, веи Мицевски.