Ова е 10-ти ден од формирање на Владата каде Владата најави ветерници и подобрување на енергетскиот баланс на државата, 250 милиони кои ќе се дадат на општините, нови градини, измена на законот за здравствена заштита, измена на кадровски решенија апропо законот за здравствена заштита, односно елиминирање на административните кадри кои тежеа на здравствениот систем, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.
Таа продолжи и додаде дека преку фактите што го увидуваат покажуваат дека целта на минатата власт била целосно разорување на државата.
-Тенденцијата на претходната власт е да го покраде буџетот и државата да колабира за да нема докази за кражбата. ВМРО-ДПМНЕ беше многу децидна дека приматот на оваа власт е борба со криминалот и корупцијата, зошто? Заради тоа што ситниот криминал и корупција е една работа, а крупниот криминал и корупција согласно сите научни трудови поминуваат над 80 отсто со амин од државата што значи дека Владата мора да аминува криминал и корупција и заради тоа тенденцијата и првата примарна цел на новата власт е борба со криминал и корупцијата, вели Мизрахи.
Таа продолжи и додаде:
-Институциите ќе се вратат во погон, нормално ќе функционираат и полиција и судство. Системот да функционира и да гони криминал и корупција согласно докази, а не согласно измислени и монтирани докази, посочи Мизрахи.