Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на работна средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј разговараше за сегашните и идните процеси поврзани со областите за кои е надлежно МТСП, а кои се реализираат со поддршка од Обединетото Кралство.
-Министерката Мизрахи побара поддршка на процесот за подобрување и унапредување на системите на социјалната и детската заштита со цел да се постигне посакуваната форма инситуциите конечно да бидат сервис на граѓаните и да им служат на нивните интереси, соопшти МТСП.
Амбасадорката Галовеј, како што наведува Министерството, ја истакна целокупната заложба на Обединетото Кралство за поддршка и подобрување на политиките и праксите за социјална кохезија и прифаќањето на различностите во нашето општество.
-Во таа насока, рече дека силно го поддржуваат и го охрабруваат процесот на деинституционализација кој е започнат во рамките на министерството, а со кој се очекува подобрување на состојбите во институциите кои згрижуваат лица. Поддршка има и за зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација, информира МТСП.