Килограм млад компир во некои маркети, локални продавници и тезги се продава по цена од 150 денари за килограм, објави економскиот портал Фактор.
Иако се уште не му е време на младиот компир, се додава во прилогот на Фактор, сепак, според граѓаните тоа не значи дека неговата цена треба да биде колку 300 грама мелено месо.
– Еден килограм може да изеде еден човек, како четиричлено семејство да му се наслади? Ќе треба да дадам 500 денари само за компири, вели граѓанка од Скопје.
Од друга страна, цената на стариот компир се движи од 30 до 60 денари за килограм.
Извор: Фактор