Власта почна валкана хакерска офанзива против нас, соопштија вчера од граѓанската иницијатива Млади за Македонија. Како што објавија во нивното соопштение, нападнати се нивните профили на Фејсбук и направен е обид за преземање и елеминирање на страницата „Млади за Македонија” и кампањата „Бојкотирам”.
– Млади за Македонија и кампањата „Бојкотирам” ја информираат јавноста дека во последната седмица сме цел на интензивни хакерски напади и обид за хакерско преземање на Фејсбук страниците на Млади за Македонија – Mladi za Makedonija и Бојкотирам – Bojkotiram. Во исто време со хакерскиот напад, во јавноста почна да кружат лажни слики со злоупотреба на логото Бојкотирам – Bojkotiram кои ја повикуваат јавноста да гласа на референдумот. Исто така, по последната седмица секојдневно Фејсбук ги брише нашите објави, без притоа да бидеме известени дека се прекршени правилата, а тоа единствено може да се случи по барање на МВР, се вели во соопштението.
Тие сметаат дека целта на преземањето и хакирањетое да се саботира кампањата за бојкот на референдумот и да се стопира нивниот контакт со македонската интернет јавност.
– Двете страни комбинирано имаат пристап до преку 30.000 луѓе, што претставува опасност за власта која спроведува кампања за промена на името. Сметаме дека врз хакерските напади стои власта, која преку гнасни игри сака да не замолчи и да ја саботира одбраната на нашето име, идентите и јазик. Се започна на 17 август кога почна со неуспешен хакерски напади врз личните профили на админите на страниците, а потоа продолжи со хакирање на личните профили на другите админи и менување на нивните пасворди. Чиста среќа што еден од нашите активисти имаше снимено мобилна нотификација што веднаш известува за хакерски напад, по што веднаш ги одзеде привелигиите на сите други членови со несигурно профили. По некое време се случи хакерски напад и на другите админи на страната и нивните пасворди беа сменети, но чиста среќа што на нивните акаунти им беа одземени привелигиите, па хакерите не успејаа да ги преземат страниците, нагласуваат Млади за Македонија.
Тие додаваат дека никој не знае кои се админите на Млади за Македонија – Mladi za Makedonija и во апсолутна тајност се чувале кои лица стојат позади Бојкотирам – Bojkotiram.
– Ваква информација може да добијат само службите, доколку ги следат нашите комуникации или пак доколку тоа го побарале од Фејсбук. Исто така, бришењето на нашит објави без да бидат пријавени единствено може да се случи по барање на МВР. Очигледно е дека власта води валкана кампања за саботажа на референдумот и ќе се служи со валкани методи за да го смени нашето име Македонија. Но ние сме тука да се бориме, истакнуваат во соопштението Млади за Македонија.
Деновиве слични поплаки за нечисти игри на интернет и на социјалните мрежи има и од други опозициски медиуми и поединци кои не го прифаќаат обидот на власта за смена на името на Република Македонија и отворено говорат за бојкот на референдумот за Северна.
Млади за Македонија е граѓанска иницијатива која се залага против промената на уставното име на Република Македонија и беше еден од организаторите на неодамнешниот голем протест во Скопје, а имаше активности и во други градови во земјава.